ГФК Охрид Лихнидос продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига и во своите редови го донесе 21-годишниот Игор Јаневски.
Новото име во „рибарите“ пристигнува од Детонит Плачковица, а на теренот ги покрива позициите во централниот дел од средниот ред.
Јаневски, иако млад, веќе има солидно искуство во македонскиот фудбал, настапувајќи за Силекс и Њу Старс, а сега ќе има шанса да се докаже и во амбициозниот охридски клуб.
Второлигашот Охрид во новата натпреварувачка година јасно ги постави целите – борба за врвот на табелата и пласман во Првата лига, а ангажманот на Јаневски е уште еден чекор во таа насока.