Турнири

ФОТО: „Пеколно“ четвртфинале на турнирот во Долно Косоврасти: Се „распукаа“ Коко Бар и Минти Транс

Сподели
Сподели

Какво „пеколно“ четвртфинале понуди овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал во дебарско Долно Косоврасти.

Вечерва се одиграа два четвртфинални натпревари кои понудија шест погодоци. Во првото соочување Коко Бар со 3:0 лесно го декласираше Џепчиште и се чекираше во полуфиналето.

И второто соочување од четвртфиналето понуди три погодоци откако Минти Транс го „прегази“ Монте Констракшн со 3:0.

Утре на програмата ќе бидат останатите два четвртфинални натпревари. Тим Хазал ќе се соочи со тимот на ФК Јорал, а пак второто соочување го носи дуелот на Иљазоски Компани против Горно Косоврасти.

Победниците од овие два дуели ќе бидат последните два патници во полуфиналето од турнирот кој се одржува по 16-ти пат, а се работи за турнир со голема фудбалска традиција.

Спортска Мрежа медиумски го поддржува овој турнир.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!