Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа Валандово ги претстави новите дресови!

Сподели
Сподели

По неколку години пауза, ФК Победа Валандово се враќа на фудбалската карта на Македонија! Од сезоната 2025/26, клубот ќе се натпреварува во Трета лига – Исток, а подготовките за новото поглавје траат веќе повеќе од еден месец. Победа беше првиот третолигаш што стартуваше со тренинзи и веќе одигра неколку контролни натпревари со второлигаши.

Враќањето на публиката на градскиот стадион во Валандово е вистински празник за градот – Победа повторно е гордост на валандовскиот спорт. Клубот е целосно реорганизиран, поставувајќи темели врз млади и талентирани фудбалери, професионална управа и јасна стратегија за развој.

Во тек се и значителни подобрувања на условите на стадионот, со цел да се обезбеди квалитетно искуство и за играчите и за гледачите.

ФОТО: Домашниот дрес на ФК Победа Валандово за сезона 2025/2026

Во пресрет на новата сезона, клубот ги промовираше новите дресови, дизајнирани со љубов и страст кон традиционалните плаво-бели бои. Дресовите се достапни по симболична цена од 2.000 денари, а сите собрани средства ќе бидат насочени кон поддршка на клубот и неговиот понатамошен развој.

ФОТО: Гостинскиот дрес на ФК Победа Валандово за сезона 2025/2026

Сите љубители на Победа и оние кои сакаат да придонесат за нејзината иднина можат да набават оригинален дрес преку официјалната Facebook страница на клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!