ФудбалЧетврта лига

Огражден од Ново Село продолжува со засилувања – претставен Миле Ѓеоргиев

Сподели
Сподели

Екипата на Огражден од Ново Село продолжува со градењето на ростерот за новата сезона, а како најново засилување е претставен Миле Ѓеоргиев, кој треба да донесе искуство во тимот.

35-годишниот фудбалер од Струмица има големо искуство настапувајќи за Напредок Здравје од Радово, екс прволигашот Хоризонт Турново, Василево, Спартмани, Малеш и последно Тиверија.

Екипата од Ново Село промовираше десеттина нови засилувања со кои значително го подига квалитетот.

Како што веќе објави Спортска Мрежа покрај Ѓеоргиев, клубот ги промовираше Роберт Јанев, Јован Дрвошанов, Ристе Грендов, Мирче Стоилов, Драган Дојчинов, Адам Зимбаков, Костадин Наковски, Александар Коцев, Никола Јарков, Спасе Терзиев и Никола Трајков.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!