Пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) испрати порака со поддршка и охрабрување до сите учесници во натпреварувањето – клубови, тренери, фудбалери и спортски работници.
„Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе многу радост и позитивни моменти. Сите заедно имаме задача да го подигнеме нивото на натпреварите, да ја негуваме фудбалската култура и да бидеме инспирација за младите генерации,“ велат од ФФМ.
Од Федерацијата потенцираат дека ќе продолжат да бидат сигурен партнер на клубовите, со посветеност кон подобрување на условите за игра, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на лигата.
„Со заеднички сили отвораме ново поглавје за македонскиот клупски фудбал. Да покажеме дека фудбалот е на прво место!“, завршуваат од ФФМ.