Прва женска фудбалска лигаФудбал

РАСПОРЕД: Кога ќе гледаме дерби натпревари во Првата женска фудбалска лига?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Со вчерашното извлекување на ждрепката познат е распоредот за новата сезона во Првата женска фудбалска лига за сезона 2025/2026.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, новата сезона започнува на 17 август, а веќе и го најавивме првото воведно коло со кое се отвара новаат сезона. Но, да го погледнеме и распоредот и што ќе понуди новата сезона.

Второто коло ни го носи дербито во Македонска Каменица помеѓу поранешниот шампион Каменица Саса и актуелниот шампион Љуботен од Тетово.

Шестото коло го носи дербито меѓу Тиверија Брера и Каменица Саса во Струмица, а пак во седмото коло во Тетово ќе се соочат вицешампионот Тиверија Брера и актуелниот шампион Љуботен.

Во однос на новата сезона екипата на Кочани е повратник во лигата, а од истата испаѓа последната екипа, додека пак претпоследната екипа игра бараж за опстанок со второпласираниот второлигаш.

Во однос на првото коло како што веќе објави Спортска Мрежа, актуелниот шампион Љуботен одбраната на титулата ја започнува на домашен терен против Истатов, Ас Јунајтед ќе биде домаќин на Атлетико, во Битола екипата на Топ Гол ја чека струмичка Тиверија Брера.

Скопје ќе го пречека повратникот Кочани, а пак Речица ќе игра со Каменица Саса на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во Првата македонска фудбалска лига. Штипјани на гостински терен имаат лош учинок,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!