Второлигашот Скопје има ново засилување – станува збор за Јорго Папули, кој во тимот од Автокоманда доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија.
Папули кој игра на централната и левата бековската позиција ќе биде одлично засилување и освежување во редовите на Скопје, а кој сега го предводи искусниот стратег Александар Таневски.
Низ својата кариера Папули освен за Кожуф настапуваше и за Вардар, ФЦСБ од Романија, Брера Струмица и Металург од каде и ја започнува својата кариера.
Новата сезона екипата на Скопје ја отвара на домашен терен против повратникот Слога од Виница.