Во среда на градскиот стадион во Валандово ќе се одигра пријателски меч меѓу третолигашот Победа и второлигашот Беласица.
Натпревар преку кои и двете екипи ќе ја проверуваат формата за новата сезона во Трета лига – Исток односно Втора лига.
Натпреварот ќе започне во 17:45 часот, а сите љубители на фудбалот ќе имаат можност во Валандово да проследат одличен пријателски натпревар.
Победа Валандово по неколку години се реактивираше и од следната сезона ќе игра во Трета лига – Исток, а пак Беласица за новата сезона најавува борба за пласман во Прва лига.