Прва лигаФудбал

Мобилизација на верните Кратери за првиот меч на Силекс во новата сезона против Брера Струмица!

Сподели
Сподели

Верната навивачка група Кратери се мобилизира за да даде силна поддршка на Силекс на првиот меч од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовци новата сезона ја отвараат во понеделник (11 август) против Брера Струмица на домашен терен.

„Повик до верните Кратери. „Црвено-плавото“ срце пак ќе чука како едно. 11-ти август, понеделник, Кратово мора да грми! Нашиот Силекс го дочекува тимот на Брера и потребни сме повеќе од кога! Не се доаѓа само на фудбал – се доаѓа да се брани градот, да се брани Силекс! Ние не сме публика – ние сме верните Кратери! Да покажеме што значи да се биде дел од оваа семејство. Кратово се буди Кратерите доаѓаат“, се вели во соопштението на „Кратери“.

Натпреварот се игра во Кратово со почеток од 17:30 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е на врвот со 19 бодови. Тимот има учинок од шест победи...

Останато

Борец со убедлива победа во Струмица – Македонија Џио падна со 0-3

Одбојкарите на Борец од Велес ја запишаа својата седма првенствена победа оваа сезона, совладувајќи го тимот на Македонија Џио со убедливи 0-3 (15:25,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!