Ракомет

,,Езерско дерби” како вовед на Струшкиот Турнир

Сподели
Сподели

Сè е подготвено за почетокот на 53. издание на Струшкиот ракометен турнир.

Традицијата продолжува – Струга повторно ќе биде домаќин на еден од најдолговечните и најпрестижни ракометни турнири во Европа. Организаторите привршуваат со финалните подготовки за годинашното, 53-то издание, кое ќе се одржи на добро познатото игралиште „Горан Попоски Бабец“.

На турнирот ќе настапат шест тимови – четири од Македонија и две од странство, што ветува интересни и возбудливи натпревари во текот на четирите дена.

По извлекувањето на групите, веќе е познат и комплетниот распоред на дуелите.

Турнирот започнува со дербито на езерото – Струга ќе се сретне со Охрид во воведниот натпревар, а истиот ден ќе играат и Бутел Скопје и српскиот Раднички Крагујевац.

Натпреварите ќе се одиграат од 13 до 16 август, според следниот распоред:

  • 13 август

18:30 | Струга – Охрид

19:55 | Свечено отворање

20:40 | Бутел Скопје – Раднички Крагујевац

  • 14 август

18:30 | Тиквеш – Раднички Крагујевац

20:40 | Охрид – Бурса

  • 15 август

18:30 | Струга – Бурса

20:40 | Тиквеш – Бутел Скопје

  • 16 август

10:30 | Натпревар за 5. место

18:30 | Натпревар за 3. место

20:40 | Финале

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!