Суперлигашот Радовиш вчера ги започна подготовките за новата сезона која стартува на 6 септември. Ракометарите под водство на тренерот Александар Долдуров во СРЦ „25 Мај“ го одржаа првиот тренинг и со тоа означија старт на летните подготовки.
Атмосферата на првиот собир беше одлична, Спортска Мрежа го проследи првиот тренинг, а од таму и ви ја носиме атмосферата.
- ПРВ ТРЕНИНГ НА РК РАДОВИШ – СТАРТ НА ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ: