Втора лигаТрета лигаФудбал

ФОТО: Второлигашот Кожуф го доби третолигашот Победа на пријателски меч во Валандово

Сподели
Сподели

Денес на градскиот стадион во Валандово се одигра пријателски меч меѓу третолигашот Победа и второлигашот Кожуф, а кој тест меч заврши со триумф за тимот од Гевгелија, предводен од штипскиот тренер Иван Варадиновски со резултат од 0:2.

Кожуф играше во комбиниран состав со цел Варадиновски да ја провери формата на сите играчи со кои располага. Победа која е повратник во Трета лига – Исток игра со значително млада екипа, која покажа борбеност и желба на теренот, со што тимот од Валандово продолжува со напорна работа за максимално подготвен да влезе во новата сезона.

Кожуф новата сезона во Втората лига ја отвара во Штип против Брегалница, а истата започнува на 23 август.

Двете екипи ќе одиграат уште неколку пријателски натпревари до почетокот на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на...

Прва лигаФудбал

Вардар нема право на кикс, целта против Скопје се трите бода

ФК Вардар не ја започна најдобро новата сезона, во која амбициите на...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!