Трета лигаФудбал

Во Охрид паднаа осум погодоци, Влазними однесе голема победа, Демир Хисар го доби ланскиот второлигаш Караорман!

Сподели
ФОТО: ФК „Св. Троица“ - Охрид
Сподели

Кораби во рамки на 4. коло од Трета лига Југ се соочи со Кравари, каде домашниот тим кој е шампон од претходната сезона, но не го помина баражот за Втора лига славеше со 3:1. Трим Амбари беше двоен стрелец за домаќинот, а гол даде и Фатјон Леши, додека пак за гостинот единствен стрелец беше Темур Емини.

Лидерот Преспа на Градскиот стадион во Ресен ја пречека Сатеска од Волино каде двете екипи ремизираа играјќи 1:1, со што гостинот откина бодови од домаќинот. Даниел Цветаноски погоди во 12. минута за 0:1, а Преспа во вториот дел преку Неџми Реџепи дојде до конечните 1:1.

Демир Хисар на домашен терен играше со ланскиот второлигаш Караорман од Струга, каде домашниот тим со 4:3 однесе победа, а со тоа струшкиот третолигаш се втурна во резултатска криза. Наместо борба за враќање во Втората лига, Караорман нижи порази.

Стефан Каревски беше играч на мечот откако даде три гола за домашниот тим, а гол даде и Христијан Китановски, за гостинот од Струга стрелци беа Христијан Спироски, Игор Клечкароски и Ивица Ќелешоски.

Светлост на домашен терен беше поразен од Евротип со минимални 0:1 со голот на Владе Јанакиевски во 57. минута.

На теренот со вештачка трева на спортскиот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид паднаа осум гола за реми од 4:4 на Света Троица и Велешта. Двата нови третолигаши одиграа одличен меч, а на крај мораа да се задоволат со поделба на бодовите. Домаќинот имаше предност од 3:1 на полувреме, откако Никола Угриноски во 12. минута постигна гол за 1:0, а пак Дарко Цветаноски по четири минути постигна гол за 2:0. Не требаше многу за Велешта да прими и трет гол, откако Теодор Речкоски во 21. минута обезбеди 3:0 за домаќинот. Мертион Мерко во 37. минута постигна гол за 3:1 на полувреме.

Во вториот дел Велешта преку втор гол на Мерко дојде до 3:2, а преку Емлаз Шеи гостинот дојде и до 3:3. Угриноски со втор гол во 83. минута донесе ново водство за Света Троица, но во 88. минута Аљбрим Положани постигна гол за конечни 4:4 и поделба на бодовите.

Влазними беше домаќин на Славеј од Мешеишта каде гостинот ја бараш првата сезонска победа, но домашниот тим на крилата на Денис Шадов кој постигна хет-трик однесе победа од 5:2. За Влазними двоен стрелец беше Насер Доко. За гостинскиот тим Виктор Гелевски и Димитар Јановски беа стрелци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!