Ракомет

Ново засилување на голот: Ана Марија Горговска ново име во ЖРК Куманово

Сподели
ФОТО: ЖРК Куманово
Сподели

Женскиот ракометен клуб Куманово продолжува активно да го креира ростерот за претстојната сезона во Женската лига, со цел уште посилна и поконкурентна екипа. Најново име во тимот е младата голманка Ана Марија Горговска, која доаѓа од редовите на штипска Астибо, каде ја мина претходната полусезона.

Горговска, која претходно го бранеше и голот на ЖРК Гевгелија, ќе формира голмански тандем со искусната Јасна Трајковиќ. Со тоа, Куманово добива стабилна голманска линија, која ќе биде клучна во борбата за висок пласман.

Покрај Горговска, кумановки веќе ги официјализираа новите засилувања Аманда Стеин (десен бек) и Маријана Силва Азеведо (среден бек), кои треба да донесат дополнителна офанзивна сила во тимот.

Клубот успешно ги обнови договорите со клучните домашни ракометарки: Јасна Трајковиќ, Мила Мемов, Ангела Шехтанска, Росана Павлова, Никита Антевска и Нена Несторовска, што гарантира континуитет и стабилност.

Од таборот на Куманово си заминаа Ана Михајловска, која се пресели во Вардар, и Марија Јовановска, која го засили шампионот Ѓорче Петров.

Со овие потези, Куманово јасно го демонстрира својот амбициозен план да биде конкурентен фактор во новата сезона, под водство на тренерот Славиша Димитријески.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!