Втора лигаФудбал

Беса се откажа – како сега ќе изгледа Втора лига?

Сподели
ФОТО: ФК Беса
Сподели

Екипата на Беса од Добри Дол се откажа од натпреварување во Втора лига и воопшто и нема да започне со старт на новата сезона.

Во клубот нема ништо, ниту играчи, ниту тренер, ниту пак старт за почеток на подготовките, ниту пријателски натпревари – ваквата ситуација ја најави Спортска Мрежа пред неколку дена дека тоа може да резултира со неиграње на Беса во Втора лига и тоа и се случува.

Беса минатата сезона имаше историски настап во Прва лига, но успеа да стигне само до бараж за опстанок, а истиот го загуби од Башкими во Кавадарци, со што Беса по една година испадна од Прва во Втора лига, а пак Башкими по 17 години се врати во Прва лига.

  • ВТОРА ЛИГА ДА СЕ ИГРА СО 15 ЕКИПИ, СЕКОЕ КОЛО СЛОБОДНА ЕКИПА

Ова ќе значи дека Втората лига ќе започне со 15 наместо со 16 екипи, а како што дознава Спортска Мрежа, така и ќе биде. Втората лига ќе се игра со 15 екипи и секое коло ќе има по една слободна екипа, а ова ќе треба официјално да се потврди в среда за кога е закажана ждрепката за утврдување на натпреварувачките броеви и формирање на распоредот за новата сезона. Па затоа да причекаме за официјална потврда за тоа дали Втора лига ќе се игра со 15 екипи и секое коло ќе има п оедна слободна екипа.

Беса откако испадна од лигата најави повлекување, па со тоа стигна информаци дека нема да има ждрепка за поразените третолигаши од баражот, но потоа Беса се премисли, па имаше ждрепка за поразените третолигаши и така Осогово остана во Втора лига, а пак Големо Коњари влезе во Втора лига, а Преспа од Ресен извиси.

Топло-ладно од страна на екипата на Беса, играм не играм, па тоа може да значи и старт на Втора лига со 15 екипи.

  • МОЖНОСТ ЗА ПРЕСПА ДА ИГРА ВО ВТОРА ЛИГА

Екипата на Преспа од Ресен која извиси од ждрепката за поразените екипи би можела да игра во Втора лига, но прашање е колку сега овој третолигаш би сакал да игра со оглед на тоа дека и нема веќе време за подготовка и за квалитетни засилувања со цел подигање на квалитетот за Втора лига. Иако според нашите информации Втора лига ќе се игра со 15 екипи.

Колку за потсетување поради кратењето на лигата од Втора лига дури пет екипи директно испаѓаат односно екипите од 16 до 12 место, па во ваков случај Беса би била формално на тоа 16 место, па ќе се бара бегство од 15 до 12 место, а пак екипите на позиција од 11 до 9 место ќе играат бараж за опстанок.

За сигурен опстанок треба екипата да биде во топ 8.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

НЕОЧЕКУВАНО: Пролет се повлекува од Суперлигата, следната сезона ќе игра во Првата лига

Македонскиот ракомет останува без уште еден долгогодишен член на Суперлигата. Ракометниот клуб Пролет 62 официјално потврди дека во сезоната 2026/27 нема да настапува...

Останати репрезентацииОстанато

Одличен настап на македонските атлетичари: Сребро и рекорди на Балканското првенство во Романија У20

Македонските атлетичари до 20 години имаа успешен настап на Балканското првенство во Романија, каде што освоија сребрен медал, поставија нов младински национален рекорд...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими се засили со Матео Софијаноски

Прволигашот Арсими го претстави дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски како најново...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс се подготвува во Кратово за реваншот против Динамо Минск

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс продолжува да се подготвува...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Еуромилк ГЛ ги претстави Стојчески, Дамевски, Смиљков и Маркулев

Повратникот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Еуромилк ГЛ продолжува со...

Трета лигаФудбал

Бурим Алиев го засили амбициозниот третолигаш БВК Коњаре

Третолигашот БВК Коњаре продолжува да гради силен ростер со кој ќе атакува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!