ИнтернационалциФудбал

Бојан Миовски со прв трофеј во дресот на Џирона – победа во Купот на Каталонија!

Сподели
Сподели

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го освои својот прв трофеј како фудбалер на шпанската Џирона, откако неговиот тим триумфираше во финалето од Купот на Каталонија, совладувајќи го Еспањол по изведување пенали.

Финалниот натпревар заврши без голови во регуларниот дел (0-0), а во пенал-рулетот поуспешни беа играчите на Џирона, кои победија со 5-4. Миовски влезе во игра на почетокот на второто полувреме, одигра сигурно и со ладнокрвна реализација го погоди вториот пенал за својот тим.

Овој трофеј е од големо значење за Џирона, бидејќи доаѓа токму на 95-годишнината од основањето на клубот, што го прави уште повреден и симболичен успех.

За Миовски, ова е одличен старт во новата средина и силен мотив пред почетокот на сезоната во Ла Лига, каде што Џирона ќе настапува со високи амбиции по историски добрата измината сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!