Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Џејкоб Вајли се врати во македонската репрезентација: „Мотивацијата ми е на највисоко ниво“

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, пристигна во Гевгелија и им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи. Повторно ќе го носи дресот на Македонија, откако без размислување го прифати повикот од селекторот Марјан Илиевски.

Враќањето на Вајли доаѓа во клучен момент, кога репрезентацијата има потреба од играч со негови квалитети – физички доминантен, искусен и подготвен да го засили рекетот. Македонија ова лето ќе настапи во претквалификациите за Светското првенство 2027, а Вајли е подготвен да даде максимален придонес.

„Искрено сум пресреќен што по неколку години пауза повторно сум тука. Мотивацијата е на највисоко ниво. Штом стапив во контакт со луѓето од федерацијата, без двоумење прифатив. Особено ми е драго што со мене е и моето семејство, кое ќе може ‘во живо’ да ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам националниот дрес“, изјави Вајли по пристигнувањето во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија.

Во оваа репрезентативна акција, Вајли ќе биде највозрасниот играч во составот, од кого се очекува да ја преземе лидерската улога заедно со Бојан Магдевски и Андреј Мекиќ. Тој е свесен за својата одговорност и подготвен да биде пример за помладите соиграчи.

„Знам дека репрезентацијата е подмладена и тоа е сосема природно. Добро е што младите добиваат шанса да се покажат на сениорско ниво. Очекувам да се воиграме добро, а јас сум тука да помогнам и на теренот и надвор од него. Ќе вложам сè – од енергија на тренинзите до искуство на натпреварите. Подготвен сум да бидам лидер и да помогнам Македонија да стигне до што подобри резултати“, истакна Вајли.

Македонија наскоро ќе ги започне подготовките за претквалификациските дуели, а присуството на Џејкоб Вајли е значаен поттик за целиот тим во пресрет на новите предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

Стојанче Стојанов ќе им суди на Башкими и Шкендија Арачиново, Александар Грујоски на Вардар и Тиквеш

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија. Утре ќе бидат одиграни седум натпревари кои стартуваат...

Трета лигаФудбал

Густо на врвот од табелата во Трета лига регион 6 – кои екипи конкурираат за есенски шампион ?

Одиграни осум кола во Трета лига регион 6, а трката за тоа кој да биде есенски шампион станува неизвесна, неколку екипи конкурираат за...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со информација за билетите за натпреварот меѓу Шкотска и Македонија

Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи, симпатизери и поддржувачи на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години ремизираше против Црна Гора

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години вечерва во Тиват го одигра...

Останати репрезентацииРепрезентација

Злато за Далија Стојановска и бронза за Оља Цветанова на Балканското CX првенство во велосипедизам

Македонската велосипедска репрезентација имаше успешен настап на Балканското CX првенство, кое се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!