Малеш Куп 2025 продолжи со уште поатрактивни натпревари во понеделничката програма!
Гледачите во Берово беа сведоци на уште една вечер исполнета со голови, пресврти и вистинска фудбалска енергија на теренот кај Старата Гимназија.
- Еве ги резултатите од 21.07 (понеделник):
Паб Делчево Монополо – Турбо Тим Марлон 2:1
Лука Саунд – Митрашинци 0:4
Митрашинци – Голич Пром 2:1
Лука Саунд – ОФК Малеш Постоловски 1:8
Еклектик – Дивиен Казино 5:1
М-Младост – Франкфурт Русиново 6:2

Втората вечер донесе неверојатни 37 голови, со што Малеш Куп уште еднаш покажа дека е турнир каде секој натпревар е приказна сама за себе.

Следете ги резултатите, фотките и најдобрите моменти на Спортска Мрежа, медиумски покровител на Малеш Куп уште од неговото прво издание во 2022 година.
