Останато

Никола Ѓуретановиќ испиша историја: државен првак во пливање во Македонија и Србија!

Сподели
ФОТО: ПК Вардар 2018
Сподели

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ оствари подвиг за паметење, станувајќи државен првак во две различни држави во рок од само неколку дена.

На Летното државно првенство на Македонија, Ѓуретановиќ доминираше во водите, освојувајќи ги признанијата за најуспешен јуниор и најуспешен пливач во апсолутна категорија. Со блескави настапи во повеќе дисциплини, тој уште еднаш го потврди својот квалитет и статус на најдобар македонски пливач.

Без многу одмор, Никола веднаш отпатува за Србија каде настапи на Летното државно првенство за јуниори и за апсолутна категорија, што се одржа на Олимпискиот базен во Белград (50 метри). И таму Ѓуретановиќ се искачи на врвот, станувајќи државен првак на Србија за јуниори. Вредноста на овој успех е уште поголема ако се знае дека зад себе остави двајца пливачи кои неодамна се закитија со медали на Европското првенство.

Овој успех е доказ за посветеноста, напорната работа и континуираниот напредок на Никола Ѓуретановиќ, кој продолжува да ги руши границите и да ја афирмира Македонија на меѓународната пливачка сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака го доби дербито на колото, Шутка 1 даде 15 гола, а Овче Поле се враќа со три бода од Прилеп

Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Естонките ја потврдија доминацијата, Македонија повторно поразена

Естонија уште еднаш ја потврди својата физичка и резултатска надмоќ, овојпат и на гостувањето во Штип. Во спортскиот центар „Џексон“, гостинската репрезентација ја...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!