Турнирот „Влатко Петров 2025“ изминативе денови го оправда епитетот на еден од највозбудливите спортски настани во Штип. Голови во серија, драматични натпревари, ремија, службени резултати и мечеви кои останаа за доигрување – сето тоа ја одбележа изминатата недела во Чардаклија.
- Резултати од претходните четири натпреварувачки вечери:
Четврток (17 јули):
Multifix Битола – Чардаклија 1:1
Multifix Битола – ФизиоАрт 3:3 (натпреварот ќе се доигрува)
Mela Rent a Car – Гостилница кај Џек (натпреварот одложен)
Петок (18 јули):
Благица Kitchen – Радање 7:2
Техногума – Le Mans 1:2
Агросмарт – Џоле Транс Коп 15:5
Сабота (19 јули):
СИЕР – Хемија 3:11
Радање – Мршевци 5:4
Бако Транс – Перо и Тајфата 0:3 (службен резултат)
Недела (20 јули):
Матива – Mela Rent a Car 6:9
ФизиоАрт – Чардаклија 13:1
Шкорпион – Радање 7:1
Повеќе екипи веќе сериозно го најавија својот пласман во елиминациите, а групите добиваат интересна формација пред последните кола.
- Најава за вечер (Понеделник, 21 јули):
20:30 Б.Р. Сашо ГИС Скопје – МАГНА
21:30 ФизиоАрт – Електро ДМ
22:30 Штерјов Credy – СИЕР
Вечерва ќе има три важни натпревари кои може да бидат клучни за пласманот во елиминационата фаза. Особено се очекува интересен меч меѓу ФизиоАрт и Електро ДМ, како и пресметката на Штерјов Credy со СИЕР.
Сите резултати, табели и случувања продолжете да ги следите на Спортска Мрежа – директно од Чардаклија, каде што фудбалот не запира!
Спортска Мрежа е медиумски покровител од 2022 година.