Останато

Сашко Кедев испиша историја: Прв Македонец што ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри!

Сподели
ФОТО: Imagine Nepal
Сподели

Познатиот македонски кардиолог и страстен алпинист, д-р Сашко Кедев, испиша историја станувајќи првиот Македонец кој ги искачил сите светски врвови повисоки од 8.000 метри!

Овој историски успех Кедев го заокружи со освојувањето на врвот Гашербрум 1 (8.080 метри) во Пакистан, во експедиција заедно со двајца алпинисти од Непал и еден од Кина.

Со ова искачување, Кедев ја комплетираше листата на сите 14 највисоки врвови на планетата, подвиг со кој може да се пофалат само мал број алпинисти ширум светот. Во својата алпинистичка кариера, тој ги освои: Еверест, К2, Канченџунга, Лхоце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум 2 и сега Гашербрум 1.

Ова е уште еден доказ за неверојатната упорност и посветеност на д-р Кедев, кој покрај врвната кариера во медицината, испиша и златна страница во македонскиот и светскиот алпинизам.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД чекори кон двојна круна, ГОК Борец го доби шампионот убедливо, Сушево со голема победа над Работнички

Одбојкарите на Штип УГД продолжуваат со импресивните настапи оваа сезона и се...

Останато

Зоран Јовановски – првиот македонски параолимпиец на ЗОИ Милано–Кортина

Зоран Јовановски ќе испише нова страница во историјата на македонскиот спорт, откако...

Останато

Општина Охрид со рекордна поддршка за водените спортови и спортскиот туризам во 2026

Охрид и водените спортови се нераскинлива приказна – таму каде што езерото...

Останато

Борачот Даријан Павлев е Спортист на годината во Кочани за 2025, оддадена почит и на Андреј Лазаров

Во присуство на градоначалникот Владко Грозданов, Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!