ЕП 2025 жениФудбал

Женско ЕП 2025 – 1/4 финале: Драма, пенали и историски успеси

Сподели
ФОТО: UEFA Women's EURO 2025 | facebook
Сподели

Четвртфиналната фаза на Европското првенство за жени 2025 донесе вистински фудбалски спектакл. Со натпревари решени по пенали и со историски пласмани во полуфинале, ова првенство потврдува дека женскиот фудбал е во подем и исполнет со емоции и непредвидливи моменти.

Норвешка 1-2 Италија

Гол:

Норвешка: 66′ Хегерберг

Италија: 50′ , 90+ Гирели

Во епски четвртфинален дуел одигран во Женева, Италија ја прекина 28‑годишната суша од европски полуфиналиња.

Првиот гол за „аѕурите“ падна во 50‑та минута. Софија Канторе изведе прецизна долга топка, а капитенот на Италија, Кристијана Џирели упати прецизен удар за 1:0.

Норвежанките возвратија во 60 минута преку Хегерберг , која претходно промаши пенал. Се се реши во судиското продолжение повторно преку Гирели за историски пласман на Италија во полуфинале.

Шведска 2-2 Англија по пенали 3-2 

Гол:

Шведска: 2′ Аслани

25′ Блекстениус

Пенали:Зиготи Олме

Бјорн

Англија: 79′ Бронз

81′ Агеманг

Пенали: Русо

Кели

Бронз

Шведска доминираше во првите 25 минути, поведувајќи со 2:0 со головите на Аслани и Блекстениус, меѓутоа Англија се врати во натпреварот со два брзи гола на Бронз и Агеманг по две извонредни нафрлувања на џокерот од клупа Клое Кели.

Во пенал рулетот по многуте промашувања актуелниот европски првак Англија оди во полуфинале.

Шпанија 2-0 Швајцарија

Гол: 66′ дел Кастиљо

71′ Пина

И покрај двата промашени пенали на Калденте и Путељас шпанките беа преголем залак за домаќинот Швајцарија која одлично сњ држеше се до 66′ кога и се отвори резултатот.

Франција 1-1 Германија

по пенали: 5 – 6

Гол:

Франција: 15 ‘ Гејоро

пенали: Каршауи

Малард

Балтимор

Жан-Франсис

Н’донгала

Германија: 25″ Нускен

пенали: Минге

Далман

Кнак

Бергер

Буки

Нускен

Германија ја елиминира Франција по драматична пенал-серија,во вистински фудбалски трилер.Германија ја совлада Франција со 6:5 по пенали (1:1 во регуларниот тек) и обезбеди пласман во полуфиналето.

Французинките поведоа рано, откако Гејоро реализираше пенал во 13. минута, по црвен картон за германската дефанзивка Хендрик. Но, и покрај тоа што играа со играч помалку цели 100 минути, Германките израмнија преку Нуксен во 25’ по удар со глава.

По 120 минути борбен фудбал и бројни шанси од двете страни, натпреварот се реши по пенал-серија во која блескаше голманката Ана-Катрин Бергер. Таа одбрани два удари но и сама реализираше еден, носејќи ѝ ја победата на Германија.

  • Полуфинале:

22.07 вторник 21 час

Англија – Италија

23.07 среда 21 час

Шпанија – Германија

  • Листа на стрелци:

Естер Гонзалес (Шпанија) – 4

Кристиана Гирели (Италија) – 3

Алексиа Путељас (Шпанија) – 3

Стина Блекстениус (Шведска)– 3

Гордана Кочева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!