Македонскиот голман Кристијан Наумовски ќе ја продолжи соработката со ДПММ и во сезоната 2025/26. 36 годишниот голман нема да ја менува средината и ќе биде дел од тимот кој ќе настапува во малезискиот шампионат, откако лани играше во сингапурската лига.
Наумовски стана член на клубот од Брунеи во 2023 година, кога премина од редовите на македонскиот Шкупи. Во својата интернационална кариера има настапувано и за малтешките Балзан и Биркиркара, за Пегасус од Хонг Конг, романскиот Динамо Букурешт, бугарски Левски, како и ФК Работнички.
За македонскиот голман ова ќе биде нов предизвик во богата кариера, а со добри настапи би можел повторно да се најде и во поширокиот список на македонската репрезентација.