Второлигашот ГФК Охрид Лихнидос се засили со 20-годишниот дефанзивец Леонид Кофиловски, кој во новата сезона ќе го носи охридскиот дрес. Кофиловски пристигнува од прволигашот ФК Победа, каде што ги мина последните три сезони, воедно носејќи ја и капитенската лента.
Овој трансфер Спортска Мрежа ексклузивно го најави уште пред повеќе од една недела, а клубот сега само официјално го потврди тоа што Спортска Мрежа го најави.
Младиот стопер има собрано 53 настапи во Првата и Втората македонска фудбалска лига, што е импресивна бројка за неговата возраст. Со неговото искуство и лидерски способности, тој ќе биде големо засилување за одбраната на охридскиот тим, кој има амбиции да биде конкурентен во новата сезона.
Од клубот изразуваат задоволство што во своите редови носат млад, но веќе докажан фудбалер, кој може да внесе стабилност и сигурност во дефанзивната линија.