Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стартуваа подготовките на машката сениорска репрезентација на Македонија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Вчера, со првиот тренинг во салата на СРЦ „Кале“ и официјално почнаа подготовките на нашата машка сениорска репрезентација.

Селекторот Марјан Илиевски и неговите соработници, Мирко Петрески, Борче Даскаловски и Миодраг Тодоровиќ, на првиот собир ги имаа на располагање следниве кошаркари:

Марин Петков, Андреј Магдевски, Амар Хот, Валмир Какруки, Лука Стојановски, Андреј Митревски, Максим Митревски, Лука Савичевиќ, Андреј Андоновски и Марко Миловановиќ

Лејсон Зекири го информирал селекторот Мајран Илиевски дека чувствува болки, па го пропушти првиот собир во СРЦ „Кале“.

На 17. јули, непосредно пред заминувањето за Гевгелија, на националниот тим ќе му се приклучи Адем Мекиќ, а два дена подоцна, во стројот ќе биде и Теодор Симиќ.

Од претходно, селекторот Илиевски доби информација дека Андреј Јакимовски ќе се појави на подготовките на 23.јули, односно неколку дена пред првите официјални проверки на нашиот национален тим.

Во моментов од играчите кои се на поширокиот список за настап во претквалификациите, Марко Луканоски и Стефан Стојковиќ имаат обврски кон селекцијата „Под 20“ години која во моментов игра на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ерменија, додека Никола Јаничиќ го чекаат настапи за селекцијата „Под 18“ години на Европското првенство од Дивизијата „А“ во Србија.

Токму на југот од нашата земја, нашите најдобри кошаркари ќе бидат дополнително засилени, затоа што по нешто подолга пауза, во нашиот национален тим се враќа натурализираниот Македонец, Џејкоб Вајли.

Во Гевгелија, „црвено-жолтите“ ќе имааат две пријателски средби. На 25. и 26. јули, ќе ни гостува сениорската репрезентација на Швајцарија, по што следува преселба во Куманово каде „црвено-жолтите“ ќе ги дочекаат претквалификациските натпревари.

Македонија е дел од групата „Б“ од ова натпреварување, во која за противници ги има националните тимови на Романија и на Унгарија.

Согласно со распоредот, на 2.август, во Куманово, Македонија ќе го пречека составот на Романија. Потоа следуваат две „врзани“ гостувања. Прво на 9.август, во Шолнок, каде Македонија ќе игра против Унгарија. Неколку дена подоцна, на 13.август, во Орадеа, нашите сениори ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Романија.

Втората фаза од претквалификациите за пласман на Светскиот Куп, ќе ги затвориме на 20. август во Куманово, каде за противник ја имаме селекцијата на Унгарија.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за мундијалските претквалификации

Македонската футсал репрезентација патот кон завршницата на Светскиот шампионат што ќе се...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!