Новиот прволигаш Башкими за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига се засили со 22-годишниот голман Филип Купанов.
Новото засилување меѓу стативите во Куманово доаѓа од редовите на прволигашот Брера Струмица, а низ својата кариера беше дел од Тиквеш, Беласица, Детонит Плачковица и Кожуф.
Гевгеличанец сега ќе го чува голот на Башкими, кој по 17 години се врати во Прва лига, а во сезона 2004/2005 беше освојувач на Купот на Македонија и играше во европските квалификации.