Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани ја заокружи фудбалската сезона 2024/2025 со свечено доделување на признанија и благодарници за најзаслужните клубови и генерации кои оставија белег со својот ангажман и постигнати резултати.
Со посебна чест и гордост, ОФС Кочани го одликува ЖФК Кочани со признание за освоеното прво место и промоција во Првата женска фудбалска лига. Женскиот клуб со ова достигнување се врати на највисокото ниво во македонскиот женски фудбал и стана пример за успех, истрајност и спортска посветеност.
Благодарница доби и ФК Фудбал Старс за освојувањето на првото место во категоријата генерација 2010. Оваа младинска екипа уште еднаш потврди дека вложувањето во младите фудбалери носи резултати и континуитет во квалитетната работа.
Истовремено, ФК Каменица Саса беше награден со благодарница за најдобар тим во категоријата генерација 2009, благодарение на нивната тимска работа, спортски дух и резултати кои ја афирмираат важноста на младинскиот фудбал во регионот.
Со овие признанија, ОФС Кочани од страна на претседателот на Александар Андов и секретарот Столе Тошев упати искрена благодарност до сите клубови, тренери, спортски работници, родители и младите фудбалери и фудбалерки, со желби за уште поголеми успеси и поддршка на спортската култура во иднина.