Прва лигаФудбал

Прволигашот Пелистер договори пет пријателски натпревар за темпирање на формата!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Битолскиот прволигаш Пелистер предводен од новиот стратег Димитар Капинковски договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона.

Првиот пријателски меч ќе се одигра во Битола на 12 јули против Струга Трим Лум. На 19 јули битолчани ќе одиграа меѓународен меч со Трајал Крушевац од Србија, меч кој ќе се игра во Битола.

На 22 јули ќе следува пријателски меч со Македонија ЃП, а овој натпревар ќе се одигра во Охрид или Битола. На 26 јули следува контролен натпревар против второлигашот Охрид, а ќе се игра во Битола.

„Генералката“ ќе се одигра на 29 јули, против Егалео од Грција, а овој меч ќе се игра во Охрид.

Новата сезона во Првата лига ќе започна на 8 август, а секое коло ќе се игра во три дена односно петок, сабота и недела.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!