Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок донесе одлука да го назначи Александар Таневски за селектор на новоформираната македонска репрезентација до 20 години.
Таневски зад себе има богато тренерско искуство, со 196 официјални натпревари како шеф на стручниот штаб во Првата и Втората лига во изминатите осум сезони.
Тренерската кариера ја започна во ФК Скопје, каде обезбеди промоција во Првата лига, а истиот успех го повтори и со Македонија ЃП, клуб со кој стигна до финалето на Купот на Македонија и избори настап во европските квалификации. Работеше и во Академија Пандев, а последниот ангажман го имаше во ФК Беса, каде со екипата од Добри Дол стана шампион во ВМФЛ и обезбеди историски влез за клубот во Прва лига.