Останато

Симона Стојановска се враќа дома – големо засилување за Пелистер Волеј!

Сподели
ФОТО: ОК Пелистер Волеј
Сподели

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола официјално го промовираше своето најголемо летно засилување – Симона Стојановска, една од најискусните и најуспешни македонски репрезентативки, се враќа во матичниот клуб.

Станува збор за одбојкарка со богата кариера и големо меѓународно и домашно искуство, која доаѓа од редовите на шампионот Јанта Волеј КВ, со кого ја освои титулата оваа сезона, како и двојната круна во сезоната 2020/21. Со нејзиното враќање, Пелистер добива лидер со јасна мисија – враќање на битолската одбојка на највисоко ниво.

Стојановска е прва сениорска репрезентативка од Битола, а зад себе има настапи на Медитеранските игри во Алжир (2022) и Сребрената Европска лига (2023 и 2025). Нејзините клупски успеси вклучуваат четири финалиња во Првата лига и Купот на Македонија, како и избор за трет најдобар спортист на Битола во 2019 година.

Ова засилување е дел од пошироката стратегија на клубот за подигнување на квалитетот и создавање конкурентна екипа, проект кој е поддржан од Општина Битола. Претходно, клубот го најави и доаѓањето на Шиник Никол Мекги, а најавени се и нови трансфери во следниот период.

„Станува збор за една од најискусните одбојкарки со богата играчка кариера и долгогодишна репрезентативка на Македонија со огромни успеси зад своето име. Симона која одбра да се врати во својот матичен клуб и несомнено ќе биди една од лидерите на екипата со новото лице, на битолски Пелистер, е нешто што ветувавме дека ќе го направиме уште на самиот почеток“, велат од клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во...

Останато

Доминација на Девран Куртис: Шест медали за младата охридска пливачка на Националното зимско првенство

Младата и исклучително талентирана пливачка Девран Куртис, која настапува за пливачкиот клуб...

Останато

Националното првенство во пливање донесе нови рекорди – Цеков доминираше на 1500м, Јанковски најбрз на 50м

Националното првенство во пливање донесе нови државни рекорди во машка конкуренција. Најимпресивен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!