Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го промовираше младинскиот репрезентативец Јован Даневски

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Новиот суперлигаш, РК Еурофарм Пелистер 2, продолжува со градење на конкурентен состав за сезоната 2025/26, ангажирајќи ракометари со репрезентативно искуство.

Најново засилување е Јован Даневски, член на младинската репрезентација на Македонија и еден од најперспективните ракометари на својата позиција.

21-годишниот кумановчанец, кој настапува на позицијата десно крило, доаѓа од редовите на ГРК Тиквеш, а во новиот клуб ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков при стартот на подготовките кон крајот на јули.

Претставувањето на Даневски официјално е најавено веднаш по почетокот на подготовките, а клубот изрази задоволство што добива млад и мотивиран играч кој веќе има искуство и квалитет на репрезентативно ниво.

Со овој трансфер, Еурофарм Пелистер 2 продолжува со јасна стратегија – создавање стабилен тим со голем потенција по експресното враќање во ракометната елита.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!