Македонскиот напаѓач Дориан Бабунски ја продолжува својата интернационална кариера во Унгарија, каде што потпиша двегодишен договор со екипата на Нирегихаза.
Дваесет и осум годишниот фудбалер се враќа во унгарскиот фудбал по двегодишна пауза, откако претходно ги бранеше боите на Дебрецен. Во новиот клуб ќе се обиде да се наметне како лидер во нападот и да му помогне на тимот во остварување на целите за наредната сезона.
Минатата сезона дел од Нирегихаза беше и македонскиот дефанзивец Дарко Велковски, кој во меѓувреме си замина од клубот.
Бабунски има богато интернационално искуство. Кариерата ја започна во младинските категории на шпанскиот гигант Реал Мадрид, а потоа настапуваше за Фуенлабрада (Шпанија), Олимпија и Радомље (Словенија), Мачида Зелвиа и Кагошима (Јапонија), Ботев Враца (Бугарија), Дебрецен (Унгарија), Грасхоперс (Швајцарија) и Сепси (Романија).