Турнири

Вечерва стартува „STREETBALL 3X3 Радовиш 2025“ – три дена кошаркарска магија

Сподели
Сподели

Со почеток во 20:00 часот, вечерва на повеќенаменското игралиште во СОУ „Коста Сусинов“ официјално ќе започне еден од најголемите летни кошаркарски настани во регионот – STREETBALL 3X3 Радовиш 2025.

Оваа година на турнирот ќе настапат 12 екипи од Македонија, Србија и Грција, поделени во три групи, што е доказ за сè поголемиот углед и атрактивност на овој спортски спектакл. Турнирот повторно се организира во соработка со „Sound of the net“, а натпреварите ќе се одигруваат според официјалните FIBA 3×3 правила, што му дава дополнителна тежина и професионализам на настанот.

  • Програмата предвидува:

Петок (денес) – старт на турнирот во 20:00 часот со 6 натпревари од групата Б

Сабота (утре) – од 18:40 ќе се одиграат 12 натпревари од групите А и Ц

Недела (финален ден) – исто така од 18:40, ќе се играат четвртфиналињата, полуфиналињата, а големото финале е закажано за 22:00 часот

Очекувајте три дена исполнети со возбудливи дуели, атрактивни потези, спортски дух и одлична атмосфера. Организаторите најавуваат одлична забава и ве повикуваат да бидете дел од најсилниот streetball настан ова лето!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!