Останато

Штип УГД го отвори летниот пазар со звучно засилување – пристигна репрезентативецот Стојан Илиев

Сподели
Сподели

Со официјалното отворање на летниот преоден рок во македонската одбојка на 1 јули, клубовите веќе започнаа со активности на трансфер пазарот во пресрет на сезоната 2025/2026, а меѓу најбрзите беше освојувачот на Купот на ОФМ 2025 – Штип УГД.

Штипјани уште на првиот ден го промовираа првото засилување – Стојан Илиев, македонски репрезентативец и искусен интернационалец. 26-годишниот примач, роден во Струмица, пристигнува во Штип од хрватската Марсонија, по неколку успешни сезони надвор од земјава.

Илиев зад себе има богата клупска кариера со настапи во клубови од Хрватска, Грција, Романија, Израел, Кипар и Македонија, а беше дел и од репрезентацијата која ја избори нова сезона во Европската златна лига.

Ова е првото големо засилување за тимот на Штип УГД кој со новата сезона ќе дебитира на европската сцена преку настапот во ЦЕВ Челинџ купот, а од клубот најавуваат уште неколку имиња кои ќе го зајакнат ростерот до затворањето на преодниот рок, кој трае до 7 септември.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!