Втора лигаФудбал

Квалитетно засилување за Големо Коњари – Зоран Даноски го засилува новиот второлигаш!

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Новиот второлигаш Големо Коњари го гради ростерот за новата сезона, а меѓу најзвучните засилувања во летниот преоден рок ќе биде ангажманот на искусниот Зоран Даноски, ексклузивно дознава Спортска Мрежа, а засилување кое ќе се промовира во следните денови.

34-годишниот Даноски ќе донесе големо прволигашко искуство во тимот кој ќе го води Јовица Блажевски. Низ својата богата кариера Даноски има стекнато големо искуство, кое ќе биде многу важно за Големо Коњари кој ќе цели кон директен опстанок во Втората лига.

Даноски зад себе има исклучително богата домашна но и интернационална кариера. Во Македонија настапуваше за Металург, Кожуф, Победа, Тиквеш, Брегалница, додека пак во странство беше дел од неколку екипи во Чешка, потоа настапуваше во Интер Запресиќ во Хрватска, во Србија беше дел од Радник, Пролетер, Младост, Нови Пазар, во Босна и Херцеговина го носеше дресот на Звијезда.

Даноски тука и ги направи свои први фудбалски чекори, а тука сака да стави и крај на својата голема и богата фудбалска кариера, но и да биде пример за многу млади фудбалери кои ќе го носат дресот на Големо Коњари. Пример како да се следи една успешна фудбалска кариера, како да се изградат во професионални фудбалери.

Во текот на денот Спортска Мрежа ексклузивно ќе ги објави останатите засилувања кои ги договори Големо Коњари за новата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!