Турнири

Гостилница кај Џек, Украс ИНГ и Але Дар Премиум обезбедија четвртфиналето на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Осминафиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ во Струмица полека се заокружува. Синоќа беа одиграни нови три натпревари од елиминациската фаза, по кои уште три екипи обезбедија место меѓу најдобрите осум.

Гостилница кај Џек во цврст и тактички натпревар ја совлада екипата на Тобако Лени Пулс со минимални 1:0, во меч каде еден погодок беше доволен за четвртфинале.

Со идентичен резултат 1:0, триумфираше и Украс ИНГ против респектираната екипа на Компанија Атанасовски, елиминирајќи еден од потенцијалните фаворити.

Изненадување донесе екипата на Але Дар Премиум, која со 2:0 го совлада Агро Смарт од Штип и на голема врата се пласира во четвртфиналето.

Во рамки на младинските натпревари, синоќа беа одиграни два меча. Брера 1 беше доминантен против ФК Христов, славејќи со 6:0, ЖФК Тиверија ја декласираше екипата Брера 2 со убедливи 0:6.

Најава за вечерва – последните два меча од осминафиналето
21:30 | Хотел Истатов – Еклер Транс
22:30 | Еклектик – Евро Тип

Вечерва ќе се добијат последна два патника во четвртфиналето. Продолжете да го следите турнирот ексклузивно на Спортска Мрежа, медиумски покровител на „Благој Истатов 2025“.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци на домашен терен со 24:20, во меч од десеттата рунда. „Гладијаторите“...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Милованова: Против Естонија одиме само напред со желба за успех!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги продолжува настапите во ноемврискиот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2029. По одиграниот натпревар против Романија во...

Поврзани написи
Турнири

Стојаково повторно ќе живее за фудбалот – новогодишен турнир со награден фонд од 410.000 денари!

Стојаково и годинава ќе биде центар на фудбалските возбудувања во декември! На...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!