Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум се засили со поранешен репрезентативец на Албанија!

Сподели
ФОТО: ФК Струга Трим Лум
Сподели

Прволигашот Струга Трим Лум го официјализираше новото засилување на левата бековска позиција, 34-годишниот Албанец, Гледи Мици. Искуствениот дефанзивец пристигна од редовите на Тирана, каде настапуваше во последните две сезони.

Мици не е непознат на македонската фудбалска јавност. Во периодот од 2018 до 2020 година го носеше дресот на Шкендија, за која одигра 52 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, постигна два гола и запиша дури 17 асистенции импресивни бројки за фудбалер на дефанзивна позиција.

Со своето големо искуство, тој ќе претставува важно засилување за тимот од Струга, особено со оглед на неговата способност да се приклучува во нападот и да создава шанси.

Во текот на својата кариера, Мици настапуваше за повеќе клубови од Косово, Албанија и Македонија. Фудбалскиот пат го започна во Аполонија, а потоа ги бранеше боите на Камза, Фламуртари, Кукс и Скендербеу. По престојот во Шкендија, се пресели во Приштина, а од 2023 година беше дел од екипата на Тирана.

Со овој трансфер, Струга добива проверен и стабилен фудбалер, кој со своето искуство и квалитет ќе донесе дополнителна сигурност во одбраната на тимот.

 

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!