Турнири

Разиграниот ФК Дрвош и одличниот Дивино обезбедија четвртфинале – стартуваше нокаут-фазата на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Синоќа, на теренот во Чифлик маало, започна осминафиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“, со три натпревари кои донесоа голови, атрактивна игра и три заслужени победи.

ФК Дрвош продолжи да импресионира со својата зрелост и енергија – во дербито против еден од фаворитите, Фенербахче, славеше со сигурни 3:1 и испрати порака дека е подготвен за висок дострел на турнирот. Тимот од Дрвош покажа компактна игра, дисциплина во одбрана и брза реализација.

Пица ресторан Дивино Босилово ја отвори вечерта со победа од 6:3 над екипата на Црна Река, прикажувајќи контрола, ритам и искуство. Тимот успеа да го наметне својот стил уште од почетокот и заслужено обезбеди пласман меѓу најдобрите осум.

Во третиот меч од вечерта, Freight One буквално ја надигра екипата на Фурна Марфи, славејќи со убедливи 8:2 во радовишкото дерби. Физичката подготвеност и тимската координација беа клучните разлики на теренот.

Со тоа, првите три четвртфиналисти се познати: ФК Дрвош, Дивино Босилово и Freight One, а вечерва продолжуваат нови осминафинални пресметки кои ќе го заокружат составот на ТОП 8 тимови.

Вечерва ќе се одиграа нови три натпревари од четвртфиналето. Во 21 часот Гостилница кај Џек против Тобако Лени Плус, еден час подоцна Компанија Атанасовски против Украс Инг и во 23 часот Агро Смарт против Але Дар Премиум.

Спортска Мрежа е официјален медиумски покровител на „Благој Истатов 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!