Кошарка

Видеолотарија Касинос Австрија е нов официјален спонзор на македонската кошарка!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Под слоганот „Играј со најдобрите“, компанијата ја започнува новата соработка со Македонската кошаркарска федерација (КФСМ).

Денес, во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија, беше потпишан нов спонзорски договор со КФСМ, со што продолжува континуираната поддршка за спортот во Македонија.

 „Соработката со КФСМ е дел од нашата постојана заложба за унапредување на спортот. Веруваме дека заедно – играчи, навивачи, институции и компании можеме да стигнеме до нови победи,“ велат од компанијата.

Претседателот на КФСМ, Томица Главчев, ја изрази својата благодарност за поддршката, нагласувајќи ја важноста на оваа соработка:

“Видеолотарија Касинос Австрија беше една од првите компании што одговори на нашето барање. Оваа поддршка не е насочена само кон нас како федерација, туку и кон сите кошаркари што ги претставуваме – сениори, младински категории, идни надежи. Континуитетот значи многу, и се надевам дека и други компании ќе го следат овој позитивен пример. Упатувам искрена благодарност до раководството на компанијата, со надеж за заеднички успеси и убави спортски резултати.“

Своја изјава даде и потпретседателот на федерацијата, Младен Ѓуроски, кој го нагласи значењето на ваквите партнерства за развојот на македонската кошарка и спортот воопшто. Тој пред медиумите го претстави и новиот дрес на националниот тим со логото на Видеолотарија.

Од компанијата најавија активно присуство и поддршка на сите натпревари на репрезентацијата, посочувајќи дека за нив тоа е повеќе од обврска – тоа е гордост и чест.

“Ќе навиваме заедно со сите кои веруваат во црвено-жолтите. Натпреварите се можност да се покаже тимскиот дух и борбеноста, а за нас – како општествено одговорна компанија – тоа е начин да ја изразиме нашата посветеност кон спортот и неговиот развој,“ порачаа од Видеолотарија Касинос Австрија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!