Вечерва во Мешеишта, иако со службени резултати, беше исполнета со важни настани на и надвор од теренот. Најмногу внимание привлече веста дека екипата на Др. Баткоски е дисквалификувана од понатамошното натпреварување, поради сериозни дисциплински прекршувања.
АСП Пак доби службена победа од 0:3 против Др. Баткоски, откако противникот не прифати одлука на организацискиот одбор. Чардак Велгошти службено со 3:0 против Типлери. Во единствениот одигран меч, Хотел и Спа Инекс Олгица беше подобар од Бел Мерцедес со 0:2
Четврток (3 јули) ќе биде слободен ден – кратка пауза пред стартот на клучните пресметки.

- Натпреварите продолжуваат во петок (4 јули):
20:30 | Сатеска – Гранит Х
21:30 | Бел Мерцедес – Кафе Бар 9
22:30 | Мешеишта – Здружение на возачи Ресен
Во продолжение, целосно и без измени го пренесуваме соопштението од Организациониот Одбор:
„Организациониот одбор на турнирот „Петровден 2025“ ја информира јавноста дека екипата на Др Баткоски е исклучена од понатамошно учество на турнирот, поради сериозни прекршувања на дисциплинските правила и непочитување на донесените одлуки.
На натпреварот против екипата Чардак Велгошти, играчот Филип Баткоски беше исклучен од игра, при што во текот на инцидентот вербално, со навредливи и недолични изрази, се пресмета со главниот судија Марјан Ецкоски, како и со членовите на Организациониот одбор на турнирот.
Врз основа на сериозноста на прекршокот, Организациониот одбор донесе едногласна одлука да му изрече на играчот Филип Баткоски суспензија од два натпревари.
На следниот натпревар против екипата АСП-ПАК, екипата на Др Баткоски се појави на теренот со ултимативни барања: или да биде намалена суспензијата на нивниот играч на само еден натпревар, или ќе го напуштат теренот. Со овој чин, тимот демонстрираше отворено непочитување кон турнирските правила и интегритетот на натпреварувањето.
Поради ваквото однесување и непочитување на донесените одлуки, Организациониот одбор донесе конечна одлука:
Екипата на Др Баткоски е дисквалификувана од натамошното натпреварување на турнирот „Петровден 2025“.Организациониот одбор останува посветен на фер-плеј принципите, дисциплината и почитувањето на спортскиот дух како основни вредности на турнирот“, се вели во соопштение од Организациониот Одбор на Турнирот „Петровден 2025“.

Спортска Мрежа останува на теренот, со целосна медиумска покриеност на натпреварите, атмосферата и сите важни моменти од „Петровден 2025“. Следуваат решавачките пресметки – останете со нас!