Прва лигаФудбал

ГФК Тиквеш ги започна подготовките за новата сезона, и се раздели со шестмина фудбалери!

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци
Сподели

Фудбалскиот клуб Тиквеш од денеска ги започнува подготовките за новата сезона во ПМФЛ но и се разделува со шестмина фудбалери кои во изминатата сезона беа дел од прволигашкиот тим и помогнаа клубот да го обезбеди опстанокот во елитата.

Од клубот беше испратена официјална порака во која се изразува благодарност за досегашната соработка со следните играчи: Благоја Спиркоски, Алмир Цубара, Оливер Стоименовски, Давид Манасиевски, Филип Купанов и Арби Воша. Клубот им се заблагодари за досегашната соработка и им посака успех во понатамошните кариери.

Клубот веќе преговара со неколку нови играчи кои наскоро ќе бидат дел од црвено-белиот дрес, со што се очекува дополнително зајакнување на сите линии во тимот. Целта е да се создаде конкурентна екипа, способна да оствари позитивни резултати уште од самиот старт на сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!