Работнички доби значајно засилување во дефанзивната линија, ангажирајќи го триесет и четири годишниот стопер Јасмин Мециновиќ. Искусниот фудбалер веќе тренира со „романтичарите“ и ќе биде клучно засилување за европските предизвици што следат.
Мециновиќ доаѓа со цел да внесе стабилност во одбраната, која претрпе значителни промени во текот на летниот преоден рок. Неговото искуство ќе биде од огромно значење за дуелите против белоруски Торпедо во рамки на квалификациите за Конференциската лига.
Мециновиќ има богата домашна но и меѓународна кариера. Има настапувано за повеќе клубови Вардар, Беса, Струга, Скопје, Пелистер, Ренова, Хоризонт Турново и Македонија ЃП.
Во странство има настапувано во повеќе земји од кои Норвешка, Малезија, Унгарија, Ерменија, Либан, Косово, Црна Гора, Индонезија, Бангладеш, Молдавија.