Прва лигаФудбал

Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – Капинковски ја одржа првата прозивка

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Започнаа подготовките на ФК Пелистер за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, првиот состанок и тренинг со играчите беше реализиран вчера на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Новиот шеф на стручниот штаб, Димитар Капинковски, ја одржа првата прозивка и го означи стартот на новата етапа во историјата на клубот.

Пелистер влегува во нов проект под водство на новиот борд на директори, предводен од Александар Стефановски, додека со младинскиот погон ќе раководи искусниот Марјан Секуловски.

На првиот тренинг присуствуваа дел од фудбалерите кои имаат важечки договори со клубот, како и неколку имиња кои веќе ги продолжија соработките ова лето – меѓу нив се Александар Ристевски, Гроздановски, Миленковски, Трајковски, Наумоски и Керим. Најзвучното засилување за „зелените“ е повратникот Стефан Спировски, кој повторно ќе го облече дресот на битолскиот прволигаш.

Во меѓувреме, клубот се раздели со неколку играчи чиј договор истече: Дејан Ѓуриќ, Захар Тарасенко, Фернардо Брито Карваљо, Масааки Такахара, Бојан Спиркоски, Виктор Серафимовски, Даниел Карчески и Стефан Костов.

ФОТО: ФК Пелистер

Во првиот тим се приклучени и тројца талентирани младинци – Јован Мрмарчевски, Андреј Мурговски и Ерџан Фејзуловски, кои ќе имаат можност да се наметнат во подготвителниот период.

Пелистер ќе ја одработи првата фаза од подготовките во Битола, а веќе е познат и планот за контролни натпревари. Првиот тест ќе биде на 12 јули против Струга Трим Лум, а потоа ќе следат пресметки со Трајал Крушевац (Србија), Егалео (Грција) и Охрид.

Новата сезона во Првата лига ќе стартува на 8, 9 или 10 август, а битолчани влегуваат со амбиција за стабилна и конкурентна кампања во македонскиот елитен фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија, откако пред домашната публика во СЦ „Борис...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче...

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!