Прва лигаФудбал

АП Брера Струмица стартуваше со подготовки под водство на Панче Стојанов!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Фудбалерите на АП Брера денеска го означија почетокот на подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Под водство на тренерот Панче Стојанов, екипата од Струмица со полн интензитет влезе во првата фаза од предсезонските активности.

Стојанов, кој ја презеде клупата на струмичани во Април оваа година, останува на кормилото и во новата натпреварувачка сезона, со амбиција да изгради уште поконкурентен тим кој ќе биде сериозен ривал во домашното првенство.

Од клубот најавуваат и нови засилувања во следните денови, како и сериозна работа на создавање на тим кој ќе има потенцијал за повисок пласман во ПМФЛ сезонава.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!