Турнири

ФОТО: Гостилница кај Мече и Мексико се „распукаа“ во Мешеишта, Кампинг Љубаништа се намали!

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни три од четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден 2025“ во Мешеишта. Атмосферата беше електризирачка, а натпреварите – вистинска фудбалска класика. Паднаа важни одлуки за патниците во елиминациската фаза, каде најдобрите ќе продолжат со битката за дел од рекордниот фонд од 500.000 денари.

Првиот меч беше неизвесен екипата на Петровден Мешеишта загуби од Кампинг Љубаништа со резултат од 2:3, натпревар кој беше највозбудлив.

Во вториот меч екипата на Гостилница кај Мече со 1:5 го декласираше тимот на БЗ Груп Струга, потврдувајќи ги високи амбиции на овогодинешното издание.

Во третиот натпревар Македонија немаше сили за Мексико, откако доживеа дебакл од убедливи 2:5.

Последниот натпревар не се одигра, екипата на Фурна Настоски Форт Кафе службено го добива мечот (3:0) со Ночелино.

Утре (понеделник) следуваат нови четири натпревари.

20:00 Инитали – Том Гор
21:00 Здружение на возачи Ресен – Игор Бенд Бушиноски
22:00 Ескобар Волино – Типлери
23:00 Др. Баткоски – Чардак Велгошти

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе има неизвесни соочувања!

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – програмата...

Турнири

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе бидат навистина „пеколни“

Следните два дена на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нудат неверојатни...

Турнири

Млаз Инженеринг Транспорт со „петарда“ го „разнесе“ Дизел Кале Тобако Марија на „Стојаково 2025“

Екипата на Млаз Инженеринг Транспорт вечерва забележа убедлива победа на турнирот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!