Цицешампион Силекс го заврши подготвителниот камп во Банско со пораз. Во вториот контролен натпревар на бугарско тло, кратовскиот тим беше поразен од косовската екипа Малишева со резултат 2:3.
Иако Силекс повторно доби погодок од своето ново засилување Мартин Мирчевски, а во листата на стрелци се впиша и Илија Донов, тоа не беше доволно за да се избегне поразот од незгодниот ривал.
Ова беше последен натпревар во соседна Бугарија, по што тимот се враќа во Кратово каде ќе ги продолжи подготовките за претстојниот европски предизвик – првото квалификациско коло од Конференциската лига, во кое Силекс ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ.
Првиот меч Силекс го игра во Црна Гора, а реваншот е во Скопје.