Турнири

Стартува меѓународниот турнир „Некст Левел 2025“ за генерации 2010 и 2011 во Охрид

Сподели
Сподели

Од денес започнува новиот меѓународен турнир во мал фудбал „Некст Левел 2025“ во Охрид за генерации 2010 и 2011.

Ќе учествуваат 15 екипи од Македонија, Црна Гора, Србија, Романија и Турција, а натпреварите ќе се играат на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во генерација 2010 или У-15 ќе бидат шест екипи, кои се поделени во две групи со по три екипи.

Во групата А ќе бидат Нуртепе од Турција, Некст Левел од Охрид и Струга Трим Лум од Струга.

Во групата Б ќе бидат Омладинац од Србија, Јанг Тим од Струга и Андријевица од Црна Гора.

Во генерација 2011 или У-14 ќе настапат девет екипи кои ќе бидат поделени во две групи. Во групата А ќе бидат пет екипи односно Гирода од Романија, Караорман од Струга, ГФК Охрид од Охрид, Ла Масиа од Охрид и Македонија ЃП од Скопје.

Во групата Б ќе бидат Некст Левел од Охрид, Јанг Тим од Струга, ССК од Скопје и Кичево од Кичево.

Спортска Мрежа ја продолжува соработката со „Некст Левел“ и одново ќе биде медиумски покровител со цел да ги пренесе случувањата од сите натпревари преку изјави, фотографии, видеа и најдобри моменти, а секако ќе можете да ја следите и целосната церемонија од доделувањето на наградите.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!