Турнири

Нов фудбалски спектакл во Охрид – Меѓународен турнир „Некст Левел“ за генерации 2010 и 2011

Сподели
Сподели

Меѓународниот турнир „Некст Левел“ веќе станува препознатлив не само во Македонија, туку во целиот регион. По успешно организираното трето издание за генерации од 2012 до 2017, „Некст Левел 2025“ ќе има уште едно издание, овој пат за фудбалери од генерации 2010 и 2011.

Турнирот започнува на 30 јули, а ќе заврши на 3 јули кога ќе бидат одиграни финалните натпревари. Локацијата останува иста, СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во генерација 2010 или У-15 ќе бидат шест екипи, кои се поделени во две групи со по три екипи.

Во групата А ќе бидат Нуртепе од Турција, Некст Левел од Охрид и Струга Трим Лум од Струга.

Во групата Б ќе бидат Омладинац од Србија, Јанг Тим од Струга и Андријевица од Црна Гора.

Во генерација 2011 или У-14 ќе настапат девет екипи кои ќе бидат поделени во две групи. Во групата А ќе бидат пет екипи односно Гирода од Романија, Караорман од Струга, ГФК Охрид од Охрид, Ла Масиа од Охрид и Македонија ЃП од Скопје.


Во групата Б ќе бидат Некст Левел од Охрид, Јанг Тим од Струга, ССК од Скопје и Кичево од Кичево.

Покрај екипи од Македонија, ќе учествуваат екипи од Црна Гора, Србија, Романија и Турција. Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“...

Турнири

Џокер Фурна загуби од Клик Гевгелија на „Стојаково 2025“, Јанг Бојс кај јуниорите со висока победа!

Синоќа беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска...

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!