Ракомет

(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО: Дарко Ѓукиќ ново засилување за ГРК Охрид – српското крило потпиша двегодишен договор!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид го потврди потписот на еден од најискусните и најтрофејни ракометари на Балканот – Дарко Ѓукиќ, кој по една година пауза се враќа во македонскиот ракомет. Српското десно крило стави потпис на двегодишен договор со охридскиот суперлигаш, со што станува дел од амбициозниот проект на „Гладијаторите“ за сезоната 2025/26.

Дарко Ѓукиќ (30 години, 191 см) доаѓа од романскиот шампион Динамо Букурешт, а неговото CV вклучува настапи во најсилните европски клубови и лиги. Ѓукиќ веќе има искуство во Македонија, настапувајќи за Металург и Вардар 1961, со кој имаше значајна улога и во европските натпреварувања.

Во текот на кариерата, играше за Железничар од Србија, Бешикташ од Турција, полски Киелце, Мешков Брест од Белорусија, Спортинг Лисабон од Португалија, а во Македонија беше дел од Металург и Вардар, а последно го носеше дресот на Динамо Букурешт, шампионот на Романија.

„Поздрав до сите навивачи и фанови на ГРК Охрид, сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно на иста страна, ќе се бориме за клубот и за град како што е Охрид. Се надевам дека ќе имаме многу радувања заедно“, рече Ѓукиќ.

Како репрезентативец на Србија, Ѓукиќ има бројни настапи на Светски и Европски првенства, а неговото искуство и квалитет се очекува да бидат клучни за охриѓани во претстојната сезона.

Клубот го промовираше трансферот со видео-обраќање на Ѓукиќ, кој истакна задоволство од новиот предизвик и желба да придонесе за уште поголеми успеси на охридскиот колектив.

ГРК Охрид ова лето сериозно се засилува – веќе беа претставени: Давид Савревски, Бојан Блажевски, Анте Иванковиќ, Стефан Петриќ, Тилен Стрмљан, Предраг Вејин, Николаос Лапис и Ориол Реј Моралес.

Судејќи по имињата, охриѓани сериозно целат високо на домашната и европската сцена!

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!