Прва лигаФудбал

Прволигашот Шкупи го промовираше голманот Иван Николоски

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Прволигашот Шкупи го претстави 22-годишниот голман Иван Николоски, како ново засилување за новата сезона.

Николоски во Шкупи доаѓа од редовите на прилепска Победа, а станува збор за млад и перспективен голман, кој носи сигурност и квалитет меѓу стативите на прволигашот од Чаир.

Победа е матичен клуб на Николоски, а низ својата кариера беше дел од Каменица Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Велазерими, Дрита, Работнички и Брегалница, а градеше меѓународна кариера настапувајќи за Поградец од Албанија.

Николоски е поранешен член на македонската репрезентација до 21 година, а тој е син на поранешниот репрезентативен голман Јане Николоски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на претстојното Европско првенство во футсал 2026. Европското првенство ќе се одржи...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни – непоразениот лидер Проект е неприкосновен со максимални 21 бод со...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

Големо признание: Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе судат на Европското првенство во футсал

Македонските интернационални судии Доне Ристовски и Марјан Младеновски ќе делат правда на...

ФудбалФутсал

Проект е пресилен – битката за титулата ќе ја води со шампионот Форца!

По одиграни седум кола во Првата футсал лига многу работи стануваат јасни...

ФудбалФутсал

Владимир Трендафиловиќ е херој – Бутел го доби Балкан во меч со 13 гола!

Бутел стигна до третото сезонско славје откако вечерва го доби дебитантот Балкан...

Втора лигаФудбал

Игор Иванов ќе им суди на Детонит Плачковица и Скопје

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!